Изучувач на македонскиот јазик меѓу победниците на “Националниот натпревар по јазици на СБС за 2019”

Учејќи го македонски јазик со цел што подобро да комуницира со својата баба, сега, во раните 40-ти години, Лидија Вељановски од Нов Јужен Велс, ја доби наградата во категоријата возрасна група над 18 години, на годинешниот “Национален натпревар по јазици на СБС”. Оваа Австралијка со македонско потекло, е една од петте победници избрани во пет возрасни категории, а засновани на творби што покажуваат креативен пристап кон учењето јазик.”Учењето на македонски јазик ме приближи до оние што ми се најблиски и тоа направи огромна разлика за мене во тоа што ми овозможи да ја одржувам својата македонска култура и семејно наследство. Сега ја охрабрувам ќерка ми, нашата следна генерација, да ги открие нејзините македонски корени со учење на јазикот и да се обезбеди нашата, македонска култура да биде зачувана во иднина” – вели Лидија./www.sbs.com.au/language/macedonian

Advertisement