Јамајка му градат споменик светскиот рекордер Усеин Болт

 

Светскиот рекордер Усеин Болт, по настапот на Светското првенство во Лондон, во агуст ќе ја заврши кариерата. Но, за него посебно значаен ќе биде последниот настап на атлетскиот митинг во родниот Кинстон. Осумкратниот олимписки шампион и апсолутен светски рекордер, ќе трча на стадионот на кој пред речиси две децении ја истрча својата прва трка. Во неговата родна Јамајка се гради споменик  кој треба да биде завршен до неговиот проштален настап. Министерот за култура и спорт на Јамајка, Оливие Гранж објави дека проектот треба да биде завршен до почетокот на август кога ќе се одбележи 55-годишнината од независноста на Јамајка.

Advertisement