Jонел Станчу е кандидат на Здружението на Македонците за пратеник во романскиот парламент

Jонел Станку е дипломиран на Факултетот за правни и административни науки „Николае Титулеску“ и на Факултетот за физичко образование и спорт, спортски менаџмент, од Универзитетот во Крајова, како и магистер по „Анализа, дијагностика и проценка на деловните активности“.

Јонел Станку како претставник на македонското малцинство во романскиот парламент, вели:

„Способноста да се комуницира, да се обрне внимание на проблемите и предлозите на луѓето, доведе до мој избор да ја претставувам македонската заедница во парламентот, чиј дел сум и јас. 14 години сум активен во Здружението на Македонците во Романија, а во периодот 2012-2016 година го претставував и здружението, како заменик.

Верувам дека е од витално значење да имаме добро обучени претставници во парламентот да се борат за нашите права, затоа што сите сакаме закони со јасни, концизни и предвидливи одредби, донесени заедно со целото постоечко законодавство. Сите ние сме романски граѓани, а нашите законски предлози се во интерес на граѓаните на Романија “

Advertisement