Јури Ким нов амбасадор на САД во Албанија

 

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше дипломатката од кариера Јури Ким за вонреден и ополномоштен амбасадор на САД во Албанија, објави Белата куќа на нејзината официјална веб-страница.

Ким, која има азиско-американско потекло од Гуам, е член во високата служба за наворешна полтика, а работела во Стејт департментот како директор на Канцеларијата за прашања за Јужна Европа. Претходно била директор во Стејт департментот за студии за дипломатија, шеф на кабинетот на заменик државниот секретар и директор на Канцеларијата за европска безбедност и политичко-воени работи.

Таа исто така била специјален асистент на помошникот државен секретар за Источна Азија и Пацификот и член на делегацијата на САД во шестопартиските разговори за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Била политички советник во американската амбасада во Багдад и Анкара. Зборува кинески, јапонски, корејски и турски. Амбасадорите ги номинира претседателот, а ги потврдува Сенатот на САД. Американската амбасада во Тирана од август минатата година е без амбасадор, откако си замина амбасадор Доналд Лу.

Advertisement