Кај Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител осветени темелите за нов гостински конак 

Бигорски манастир ќе добие нов гостински конак чија изградба почна денес со осветување на темелите. Новиот објект ќе се гради на постоечкиот манастирски паркинг, пред долната порта и ќе располага со 70-тина легла. Чинот на осветување го изврши Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и епископот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

На овој голем празничен настан, св. Партениј Лампсакиски, што се совпаѓа со именденот на нашиот старец, Архимандрит Партениј, присуствуваше и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и претстваници на општина Маврово и Ростуше, полициската станица од Ростуше и Националниот парк „Маврово”, соопштија од Бигорскиот манастир. На божествената архиерејска Литургија што се одржа во манастирската црква, присуствуваа над илјада верници од сите краишта на земјата, кои дојдоа да му го честитаат именденот на отец Партениј.

Овој проект на Виадукт Скопје, додаваат од Бигорскиот манастир, ќе го реализира фирмата Агноандика со изведувачот Рединг од Скопје.

Advertisement