Како македонската дијаспора да испраќа подароци преку www.ex.mk

Веќе 10 години секојдневно ги поврзуваме Македонците ширум светот со нивните блиски роднини и пријатели од Македонија. Иако www.ex.mk беше отворен како страна за е-купување за македонскиот пазар, многу брзо стана користена за подарување од страна на нашата дијаспора. Ги запознавме и новиот и стариот бран на дијаспората, но и едните и другите имаат еднакво побарување: да го надоместат отсуството со прикладен подарок и, најважно, да ја испратат својата порака до своите блиски. Пораката што ја додаваме на соодветна картичка е најважниот дел од секоја нарачка.

Букет цвеќе, балони, бонбониери, персонализирани подароци, вински корпи, парфеми, козметика, играчки, подароци за новороденчиња, па сè до комплетно опремување на станови со мебел е она што најчесто го бараат. Од пред неколку години овозможивме и испорака на платежни картички за подарок со дизајн соодветен на настанот (роденден, свадба, дипломирање) со што го олеснивме и испраќањето парични средства. www.ex.mk нуди можност за брзо одбирање, нарачување и безбедно онлајн плаќање. Воедно клиентите можат однапред да одберат датум за испорака, што најмногу им одговара на оние кои не сакаат да го заборават роденденот на своите блиски. „Испорачуваме извонредност бидејќи тие тоа го заслужуваат“ е нашиот единствен критериум – Билјана Радоњанин, менаџер на „Ексквизит“.

Advertisement