
Канцеларијата за демократски институции и човекови права денеска сооппшти дека повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот, а само во регионот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) престојуваат речиси 25 милиони луѓе кои се присилно раселени или се без државјанство.
Поголемите заеднички напори и меѓународната соработка се клучни за зачувување на заштитата на бегалците, која е загарантирана со меѓународното право, се наведува во соопштението по повод 20 јуни – Светскиот ден на бегалците.
Директорката на Канцеларијата за демократски институции и човекови права, Марија Телалијан истакна дека државите мора да ја исполнат својата законска обврска да ги заштитат оние кои бегаат од конфликти, прогон и насилство.
„И покрај предизвиците, мора да соработуваме за да пронајдеме одржливи решенија што ги почитуваат човековите права на секој човек“, рече Телалијан.
Во соопштението се наведува дека секој има право да бара безбедност во друга земја, без оглед на тоа од каде доаѓа или кој е.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden