Каталонија: За независност гласаа 90 проценти

На референдумот учествувале 2,26 милиони луѓе, а 2,02 милииона гласале за независност. Претседателот на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави дека со спроведениот референдум за независност, Каталонците „се избориле за правото на независна држава“. Владата на Каталонија објави ноќеска дека 90 отсто од гласовите на вчерашниот референдум за независност се – за независност. Портпаролот на Владата, Жорди Турул, изјави дека во референдумот учествувале 2,26 милиони луѓе и 2,02 милииона гласале за независност. На референдумското изјаснување учествувале околу 42,3 отсто од вкупно 5,43 милиони избирачи во Каталонија.

На Твитер профилот на Владата на Каталонија е објавено дека од 2.262,424 ливчиња, кои не биле запленети од шпанската Влада, вкупно 2.020,144 биле за независност, со 176.566 гласови „против“, 45.586 празни и 20.129 неважечки ливчиња. Министерот за надворешни работи на Каталонија, Раул Ромева и порача на Европската унија: Европа мора да избере меѓу срам и достоинство. Очекуваме одговор.

Претседателот на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави дека со спроведениот референдум за независност, Каталонците „се избориле за правото на независна држава“. Тој го поздрави одѕивот на милиони луѓе кои излегоа да гласаат на референдумот, иако тој беше суспендиран од шпанскиот Уставен суд. Пуџдемон смета дека Европската унија повеќе не може да „ја врти главата од кршењето на човековите права и од конфликтот меѓу Каталонија и шпанската држава“. Ние сме европски граѓани и се соочуваме со загрозување на нашите права и слободи, изјави Пуџдемон, повикувајќи ја ЕУ да преземе итни акции.

Advertisement