Катја Матева: Бандера близу Благоевград со адресата на лажните бугарски државјанство

Kатја Матева, поранешен директор на Советот за државјанство, тело што учествува во одлучувањето за доделување бугарско државјанство на странци, тврди дека бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата” на илјадници кој земале бугарски пасош, кои се дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари.

Во Министерството за правда работела се до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели во разговор за „ЕУ Обсервер“ одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари. Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса кои побарале уверение за бугарско потекло.

„Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера“– објаснува поранешната директорка“.

Пртходно Матева за Еурактив изјавила дека главниот извор на приходи за ВМРО – БНД под раководство на Красимир Каракачанов, била шемата „пасоши за пари“. Таа тврди дека му кажала на бугарското обвинителство дека Каракачанов добивал од 550 до 1.500 евра за секој  што добил бугарски пасош во измамата. Бројот на кандидатите дневно изнесувал 150-200.

Во целата оваа шема плаќале пари за да добијат лажен сертификат дека имаат бугарско потекло. Кога Матева се спротивставила и блокирала повеќе од 7.000 апликации, Каракачанов, претседател на ВМРО – БНД извршил притисок врз министерката за правда, Захариева, да ја отпушти и да ги деблокира апликациите.

Со години се делат бугарски државјанство не законски во Албанија, Македонија, Молдавија, Србија, Косово.

Advertisement