Ќе се одржи научен собир на тема “80 години од излегувањето на првиот број на весникот Нова Македонија”

На 29 Октомври 2024 година, во Горно Врановци, Општина Чашка, Велешко ќе се одржи научен собир на тема “80 години од излегувањето на првиот број на весникот Нова Македонија”.

На собирот свои трудови ќе презентираат македонски историчари и долгогодишни новинари, чии професионални патишта се нераскинливо врзани за весникот.

Покрај тоа, на Собирот ќе присуствуваат и македонски иселеници кои живеат и работат во Измир, Турција, а чие потекло е од Горно Врановци. Организатори на собирот се Институтот за национална историја и Матицата на иселениците од Македонија. Покровител на Собирот е Општина Чашка.

Advertisement