Ким Џонг-ун стигна во Виетнам (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун допатува Ханој, Виетнам каде утре и задутре би требало да се состане со американскиот петседател, Доналд Трамп, јавуваат агенциите. Ким со воз стигна на станицата Донг Данг, на виетнамската граница со Кина, по поминати 4.000 километри. Тој во придружба на обезбедувањето, ја поздрави насмеаната публика, а потоа со автомобил се упати кон Ханој.

На влезот во железничката станица, Ким го дочекаа ученици кои ги вееја севернокорејското и виетнамското знаме, пренесе Радио слободна Европа. Трамп и Ким на првиот самит во Сингапур во јуни, минатата година, разговараа за денуклеаризација на Северна Кореја.

 

Advertisement