Пјонгјанг вложи огромни суми пари во проектот за обнова на градот, кој сѐ уште не е завршен. Самџијон е главен град на округот на границата со Кина и според севернокорејската пропаганда место на раѓање на Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг Ун.
Покрај музејот посветен на револуционерните активности и стадионот за тренирање зимски спортови, во проектот се вклучени нова линија на железницата, 10.000 станбени единици и фабрика за обработка на боровинки и компир, најважните ресурси во тој дел од Северна Кореја.
Ким повеќе пати го посети градилиштето, а неодамна беше објавена и неговата фотографија на бел коњ, на врвот на планината Паекту.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
