Кина го затвори Тибет за туристи

Кина им забрани на туристите посета на Тибет до 1 април, соопштија туристичките агенции. На 10 март ќе се одржи 60-годишнината од неуспешното востание на Тибет против кинеските власти, настан што особено го привлекува вниманието на властите. Покрај големите безбедносни мерки на терен, Тибет е речиси целосно затворен за странските новинари и дипломати, па тешко е да се дојде до информации за фактичката сотојба во кинеската провинција, пишува новинската агенција ОНАСА. Забраната за влез на странците е нешто што се случува секоја година во овој период

Advertisement