Киндл верзијата на романот „Анатомија на бумбарот“ од Марковски на водечка позиција во категоријата Источноевропска литература на Амазон

Романот „Анатомија на бумбарот“ (анг. The Bumblebee Anatomy) од македонскиот писател Стефан Марковски неделава се искачи на првата позиција во категоријата Источноевропска литература во „Киндл“ продавницата на најголемата е-платформа за продажба на книги, Амазон. Објавата на романот е на англиски јазик во рамки на програмата за независно издаваштво Kindle Direct Publishing, а покрај Киндл верзија вклучува и печатена верзија. Преводот на англиски јазик беше реализиран од страна на авторот, а лектурата е дело на Марија Петковска. Романот на Марковски е необјавен на македонски јазик.

Advertisement