Кинеската амбасада во Тирана реагираше во врска со кинеските вакцини против Ковид-19, откако земјата има проблеми да ги набави дозите на Синофарм. Во својот одговор, амбасадата наведува дека албанската влада треба да контактира со соодветните компании за вакцинирање и дека амбасадата е подготвена да обезбеди помош.
Реакцијата на кинеската амбасада во Тирана уследи откако новинарката на Топ чанел, Елда Менга, побара интервју со кинескиот амбасадор во Албанија во врска со можноста за соработка меѓу двете земји за кинески вакцини против ковид.
„Кина силно ја поддржува меѓународната соработка за вакцината Ковид-19. Кина и Албанија уживаат во традиционално пријателство, отворен е начинот на комуникација меѓу двете страни за развој на соработка за вакцините.
Воведувањето на кинеската вакцина во Албанија има врска со низа технички проблеми. Доколку албанската страна е заинтересирана за кинеската вакцина, може директно да контактира со релевантните кинески компании, кинеската амбасада е подготвена да ја обезбеди потребната помош. Исто така, со задоволство гледаме дека Албанија обезбедува доволни количини на вакцини преку разни канали и сакаме да ја обезбедиме потребната поддршка ‘, рекле од амбасадата
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
