Кинеската армија утрово ги почна воените вежби околу Тајван

Кинеската војска рано утрово ги почна воените вежби околу Тајван, по 25 годишна пауза. Вежбите се реализираат во шест зони околу Тајван и ќе траат до недела попладне. Некои ќе бидат на само 20 километри од тајванското крајбрежје.

Истовремено Пекинг, издаде предупредување за бродовите и авионите да не влегуваат во водата и воздушниот простор во областите каде што се одржуваат вежбите.

Внимателно ги следиме непријателските активности околу морето на Тајван и оддалечените острови и ќе дејствуваме соодветно“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Тајван.

Вежбите се одржуваат  само  еден ден по посетата на Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Воените вежби што ги почна Кина се најголемите насочени кон Тајван во последните 27 години односно од 1995 година. Тогаш кинеската војска лансираше ракети со кои го искажа своето незадоволство од посетата на тогашниот тајвански претседател Ли Тенг Хуи на САД.

Advertisement