
Во очекување на евентуален датум за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, официјална Софија не падна на „рурално -шармерската“ македонска дипломатија и во тотално средновековен примитивен манир ја услови Македонија преку завршен извештај на Брисел дека доколку се надеваме на интеграција во ЕУ, Македонците главно мора да се „конструктивни“ и прифатат дека:
1.Македонскиот јазик не постои
2.Гоце Делчев (најголемиот борец за автономна Македонија) не бил Македонец
3.Дека првата половина од 20 век е всушност македонско – бугарска историја ( но востанијата биле бугарски, организирани од Бугари и сл.) и конечно
4.Дека средновековната историја на Македенија е всушност бугарска.
Првите 3 теми се „димна завеса“ односно се ставени во листата на барања но целта е 4 -тата тема, односно целта е да се направи огромен притисок на македонската меѓу-владина комисија и македонската јавност при што ете Бугарите првите 3 теми ќе ги олабават за сметка на последната тема која „ете и не е некоја трагедија“ ако потпишеме дека е всушност не е толку битно нешто што се случило пред 12/13 века!
Комплетната македонска стручна, медиумска и политичка јавност се залепи жестоко на првите 3 теми и комплетно ја изостави последната спорна тема дека „ средновековната историја на Македенија е всушност бугарска“. Барањата на официјална Софија се екстремни и налудничави но не и наивни! Бугарите знаат дека македонскиот јазик е глобална и конзервирана реалност и тоа е завршена приказна и за тоа нема да има никаков компромис. Со самото тоа што Гоце Делчев веќе долго време почива во Скопје, главниот град на Македонија, тоа е тотално конзервирана реалност и за тоа нема да има никаков компромис. Да беа моштите на Гоце Делчев изложени во Бугарија наместо во Скопје, немаше да можеме лесно да се избориме за Гоце како Македончиште и неговата борба за независна автономна Македонија со сите сите нејзини географски делови!
По однос на илинденското востание Бугарите исто така ја губат оваа битка бидејќи Крушево, Гумење, Питу Гули и неговиот споменик, Мечкин Камен, семејната куќа и роднините на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев се во Македонија а Крушевскиот манифест повикува на борба Македонци за слободна Македонија а не Блгари за слободна Блгарија!
Она што сметам дека сите го занемарија односно некако го сметаат за помалку важно од првите 3 точки е најопасно и екстремно важно.
Ако добро ги следиме исказите од другата страна ќе утврдиме каде е нишанот на овие повампирени ставови. Ковачев по повеќе наврати зборува за обнувување на некоја голема Бугарија и тоа точно од Охрид до Црно Море! Бугарските официјални лица исто така зборуваат за Бугарија од Охрид до Црно Море! Значи не од Струга или Гевгелија тука точно од Охрид! Премиерот Борисов пак од друга страна ја тера агендата дека Цар Самоил е бугарски цар и со тоа и целокупната средновековна историја на Македонија при тоа вклучувајќи ја и Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и се што доаѓа со неа! За Охрид многу често доаѓаат и налудничави изјави од Албанија кои го сметаат Охрид за некогашен албански град!
При оваа навидум сулуда и забегана агенда за присвојување на македонското средновековие практично се крие планот и стратегијата за напад и освојување на Охрид, за Охрид како паневропска парадигма!
Што преставува Охрид, и зашто скриениот план на Бугарите е присвојување на Охрид како некогашен бугарски град?!
Охрид е европскиот Ерусалим односно главниот извор на македонското и словенското православие и правопис односно глаголицата (старо македонско писмо) и кирилицата како пансловенско писмо и современо писмо пред се на Македонците и другите словенски народи ! Со ова писмо денеска се служи пола Европа, односно словенското европско население! Родното место на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (од среден век до денес) се наоѓа во Охрид. Токму Охрид е седиште на Цар Самоил и неговото кралство! Охрид е седиштето на светите браќа Кирил и Методиј кои заедно со св. Наум ги поставиле основите на Охридска книжевна школа и подоцна најстариот универзитет во Европа. Благодарејќи на дејноста на Св. Климент заедно со св. Наум градот Охрид, во втората половина на IX HYPERLINK “https://mk.wikipedia.org/wiki/9_%D0%B2%D0%B5%D0%BA”век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри. Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Блиските врски на светите браќа Кирил и Методиј со Рим резултирале со масивни, децениски, црковно-просветителски мисии за описменување на словенските и другите народи во Европа!
Охрид сепак е и наследник на античкиот Лихнид и според тоа неодминливо го преставува континуитетот на македонската цивилизација од антиката преку средновековието се до денешен ден. Секако македонскиот идентитет е пред се православието. Ова е наша идентитетска одредница по која светот не препознава! Само Охрид и уште неколку градови во светот се местата каде се случиле работи кои радикално, глобално го промениле светот, човештвото и цивилизацијата, затоа борбата за овие градови се уште трае! Покрај Охрид тука спаѓаат Ерусалим, Рим, Мека и можеби Витенберг каде Мартин Лутер ( 31. Октомври 1517, Германија ) ја отвора вратата на реформаторите односно протестантите и засекогаш ќе ја промени глобалната сликата на христијанскиот свет.
Од овие причини тајниот план на Бугарите е средновековието на Македонија кое совршено ги вклучува Цар Самоил, Охридската Архиепископија, светите Кирил и Методиј, Климент, Наум, Правописот, Просеветителството, Писменоста, Словенството и Православието да го припишеме како бугарско минато! Ова Бугарите сакаат да го направат од главно 2 причини:
Првата: Да го анулираат/прикријат своето несловенско потекло!! Имено, Бугарите се народ кој потекнува од прабугарско турко-татарско племе, кое од планината Кавказ во Азија се доселува на Балканот во 7 век, а нивниот водач Татаринот Хан Аспарух е првиот бугарски владетел кој од 679 до 681 година ја основа првата бугарска држава на Балканот. Во 7 век Бугарите воопшто не зборувале старословенски јазик, туку зборувале на својот бугарски (татарски) јазик. До 9 век сите бугарски владетели ја носеле титулата Хан (карактеристична за Татарите и Монголите). Во тој период ќе дојде до мешање на Бугарите (Татарите) со античките Тракијци и со неколку словенски племиња кои живееле на територијата на денешна Бугарија. Дури тогаш во 864 година, (9 век) Бугарите ќе го примат христијанството а во 893 старословенскиот јазик како официјален јазик, заменувајќи го грчкиот! За да биде појасно, светите Кирил и Методиј (Епископи и свештеници, Заштитници на Европа, Апостоли на Словените) се родени 826 или 815 година во Солун!
Втората: Да се престават дека практично токму Бугарите се заслужни за ширењето на христијанството, правописот и просветителството помеѓу словенските народи во Европа! Доколку Македонија се сложи со оваа налудничава тема, првите 3 теми погоре споменати, автоматски се претопуваат во бугарските налудничави тези./Андреа Алексовски
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden