Командант на Иранската револуционерна гарда убиен во воздушен напад

Командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) е убиен викендов во воздушен напад на границата на Ирак и Сирија, соопштија ирачки безбедносни и локални претставници на милицијата за „Мидл ист ај“. Официјалните лица не можеа да го потврдат идентитетот на командантот, за кого рекоа дека бил убиен заедно со уште тројца мажи кои патувале со него во возило. Возилото пренесувало оружје преку ирачката граница и било погодено откако влегло на сириска територија, изјавија за Ројтерс двајца претставници на ирачките безбедносни служби.

„Ирачките паравоени групи поддржани од Иран помогнале во извлекувањето на телата“, рекоа двете официјални лица, без да го наведат и да го дадат точното време на инцидентот. Либанскиот телевизиски канал „Ал-Мајадин“, кој е близок до сириската влада и либански Хезболах, рече дека доверливи извори го негирале убиството на ирански командант и тројца негови телохранители. Неколку извештаи од арапските медиуми го идентификуваа командантот како Муслим Шахдан. Пријавениот инцидент се случи само неколку дена откако иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде беше убиен во Техеран во операција за која Иран го обвини Израел.

Израел минатата недела започна со воздушни напади против широк спектар цели на сириската влада и на иранските сили во Сирија, сигнализирајќи дека ќе ја спроведува својата политика на напади на ирански цели во регионот додека американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да ја напушти функцијата. Десетици борци поддржани од Иран се убиени во израелски напади во Сирија во текот на минатиот месец, според Сириската опсерваторија за човекови права. Израел изврши стотици воздушни и ракетни напади врз Сирија од почетокот на граѓанската војна во 2011 година насочени кон иранските и силите на Хезболах, како и трупите на сириската влада.

Аналитичарите го сметаат убиството на Фахризаде и нападите врз групите поддржани од Иран за обид на Израел да предизвика воен одговор од Иран, давајќи оправдување за војна и не оставајќи ѝ начин на администрација на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, повторно да влезе во иранскиот нуклеарен договор од кој Трамп се повлече во 2018 година.

Ирачките милиции поддржани од Иран сè уште се бесни поради од американскиот атентат врз клучниот ирански генерал Касем Солејмани во јануари и нивниот ирачки лидер Абу Махди ал-Мухандис и ветија одмазда против Вашингтон. Техеран вети одмазда за убиството на Фахризаде. Извор на највисоко ниво од ОАЕ во понеделникот изјави дека Иран испратил предупредување до Емиратите во случај на напад на САД врз Иран.

Advertisement