Концерт на Македонскиот брас квартет во КИЦ во Софија

 

Денес во КИЦ на Македонија во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе се оддржи концерт на Македонскиот брас квартет. Квартетот, составен од музичарите Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон), ќе изведе дела од Џеремаја Кларк, Георг Фридрих Хендл, Хенри Персел, Џованни Франческо Анерио, Џузепе Верди, Морис Равел, Волфганг Амадеус Моцарт, Николај Римски – Корсаков, Астор Пијацола, Александер Алјабиев и Скот Џоплин.

Македонскиот брас квартет, основан во 2013 година и составен од четворица колеги, вработени во Македонска Опера и Балет, има настапувано ширум градовите на Македонија: во Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово Берово и Скопје, во склоп на фестивали и самостојни концерти.

Стојанче Косовски е прв трубач во македонската опера и балет од 2005 година хонорарно соработувал со Битолската камерна опера, Македонската филхармонија, Градските оркестри на Битола и Скопје, проектански оркестри од Австрија и Белгија.

Александар Златески е трет трубач со прв пистон во Македонската Опера и Балет, хонорарно соработува со градскиот оркестар, Македонска филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.

Горан Јанев е прв хорнист на Македонската Опера и Балет, хонорарно соработува со Македонска Филхармонија, проектански оркестри од Бугарија и оркестарот за филмска музика Fames Скопје.

Владан Дробицки е прв тромбонист на Македонската Опера и Балет , хонорарно соработува со градскиот оркестар на Скопје, Македонската филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.

Advertisement