Косово го воведе еврото како домашна валута

Со уредба на Централната банка на Косово (ЦБК) од 1 февруари еврото е единствена валута за извршување на готовина и платежни трансакции. Српскиот динар како официјалната валута на Србија до сега го користеа српските заедници во Косово. Српската валута се користеше и за исплата на плати на вработените во српските институции, како и пензии во српскиот систем, детски додаток или социјална помош. Српскиот динар, исто така се користеше и во трговијата во српските територии на Косово, а цените се прикажани исто во динари.

Меѓутоа, со уредбата на Централната банка на Косово еврото станува единствена валута. Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека со ова се запита комплетниот платен промет меѓу Србија и Косово. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека нејзиниот косовски колега Албин Курти со ова не придонесува за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, туку напротив убива секаков вид на дијалог.

Регулативата на Централната банка на Косово наведува дека другите валути, освен еврото, можат да се користат во Косово само како вредност за чување во физичка форма или на банкарски сметки во валути различни од еврото, за вршење меѓународни плаќања во валути. освен еврото и за девизни активности.

Advertisement