Костова претставник од Агенцијата за иселеништво на средба со претставници на „Комисијата за човекови права и грижа за националните малцинства“ во Парламентот на Романија

Во организација на Пратеникот кој ги застапува правата на националните малцинства во Романија г-дин Јонуц Станку, раководителот на Сектор за одржување и унапредување на врските со иселениците, Билјана Костова, како претставник од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија го посети Парламентот на Република Романија, каде оствари работна средба со претставници на „Комисијата за човекови права и грижа за националните малцинства“. На средбата Костова ги запозна присутните за карактерот на македонската емиграција, здружувањето на иселениците во организирани форми преку кои ја негуваат македонската култура, традиција, вера и обичаи, како и проблемот со кој се среќава нашата држава со интензивниот одлив на млади стручни кадри и работна сила. Воедно информира и за поддршката која ја дава Агенцијата за иселеништво со цел одржување на врските и помагање на иселениците во одделни сегменти согласно Законската надлежност.

Пратениците на средбата преку разговор информираа дека  Република Романија се соочува со огромна дијаспора и одлив на население по визната либерализација и влезот на Романија во Европската Унија. Затоа државите треба сериозно да се посветат на овој проблем преку промени во системот бидејќи се заканува опасност од негативни демографски промени кои ќе се рефлектираат на економијата и развојот на државите. Сметат дека поддршката на иселениците преку иселеничките организации е клучна и значајна. Исто така од голема важност е олеснувањето на процедурата при стекнување на македонско државјанство за вторите и третите генерации иселеници, кои се декларираат како Македонци по род, пракса која Романија согласно Законот за државјанство ја применува. Околу институционалната грижа за Романците во светот, Република Романија има Министрство за дијаспора, а иселеништвото во Парламентот е застапено со Пратеник кој е од Романија и советници кои се припадници на дијаспората.

Околу решавањето на проблемите со иселелувањето, присутните едногласно се согласија дека  секоја држава која сака да го спречи одливот на граѓаните или да ги привлече веќе иселените, треба да се насочи кон изедначување на условите и стандардите на живот со земјите кои се атрактивни дестинации за иселување. Костова се заблагодари на срдечниот прием и можноста за размена на искуства и мислења.

Advertisement