Kривична пријава против Доналд Трамп

Американските држави Мериленд и Вашингтон ДС поднесоа кривични пријави против американскиот претседател Доналд Трамп поради незаконско стекнување приходи од странски држави без претходно одобрение од Конгресот. Обвинителот на Вашингтон демократот Карл А. Расин и обвинителот на Мериленд демократот Брајан Е. Фрош одржаа заедничка прес конференција и истакнаа дека по изборот за претседател, Трамп не се откажа од трговските работи поради што поднеле кривична пријава за незаконско стекнување приходи од странски држави. Двајцата обвинители меѓудругото истакнаа дека необјавувањето на враќањето на данокот од страна на Трамп претставува еден друг значаен проблем. Обвинителот Расин во изјавата рече дека Трамп не го известил Конгресот за приходите со кои се стекнал од странски извори во хотелот Trump International Otel чиј сопственик е самиот поради што ги прекршил законите.

Претходно ниту еден претседател на Америка не беше толку нереспектен кон уставните одредби, рече Расин и потенцираше дека Трамп по изборот за претседател не се придржува кон законите. Јавниот обвинител на Мериленд, Фрош во врска со трговските компании кои се поврзани со Трамп рече дека се стекнуваат со бесправна предност поради што верува дека истата треба да се спречи. Од друга страна пак портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер одговараше на прашањата на новинарите во врска со тврдењата и поднесените пријави и рече дека двајцата обвинители се демократи, дека поднесените пријави се неосновани и дека претходно биле објавени низа соопштенија во врска со истата тема.

Спајсер рече дека актуелната американска администрација нема да ја земе во предвид пријавата и ќе си ја гледаат работата. Пред официјално да стапи на претседателската функција на 20 јануари, Трамп изјави дека управувањето со сите комерцијални средства со кои располага ќе го предаде на еден фонд со кој ќе управуваат децата. Поради неодржувањето на ова ветување, до денес против Трамп се поднесени три различни пријави. Затоа поднесувањето на пријавите од страна на обвинителите се први пријави кои се поднесени од страна на државни установи. Во случај федералниот судија донесе одлука за продолжување на судските постапки, од претседателот ќе се побараат копии на личните пријави за персонален данок на доход.

Advertisement