КУД “Јане Сандански” од Неготино на фоклорен фестивал „Духот на Балканот“ во Корча (ФОТО – ВИДЕО)

Во Корча се одржа фестивалот „Духот на Балканот“ што донесе прекрасна атмосфера со фолклорни елементи од балканската традиција на карактеристична облека и ора.

Со изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција. Шест балкански земји го промовираа своето традиционално наследство на еден фестивал, каде натпреварувањето на фолклорните групи останува колку симболично толку и стимулативно за уметниците.

Фолклорните групи од Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Грција и Франција со парадата на нивните национални костуми, приредија спектакл на улиците на градот Корча. Изведувајќи традиционални танци, песни и инструменти под звуците на народната музика, тие го претворија плоштадот кај стариот пазар во Корча, во центарот на „Балканскиот дух“.

КУД “Јане Сандански”Неготино при НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино учествуваше на Фестивалот – „Spirit of Balkan“ 2025 во Корча Албанија со кореографиите – „Радовишки Собор“ и „Два Танца“

По одличниот настап на “Јане Сандански”Неготино при НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, Македонија ја освои наградата со оцена за највисоко уметничко ниво од страна на комисијата на фестивалот ,,Душата на Балканот” 2025