Културно уметничкото друштво “Аминта” во Италија успешно дејствува две години

Културно уметничкото друштво “Аминта” веќе се движи кон професионална насока, на ред е организација околу изучување на македонскиот јазик!! Агенцијата за иселеништво од Р.Македонија ни испрати учебници, сега сме во фаза на планирање како би функционирало тоа, велат од Аминта. Во повеќе наврати јавно им се заблагодаривме на нашите соработници од Агенцијата за иселеништво, тоа ќе го направиме и сега, вели претседателот на здружението Лазороски Саве. Бараме најдобра варијанта на кој начин би се изучувал јазикот, преферираме тоа да се одвива бавно но добро организирано, кажува потпретседателот Билјана Колоска.

Од Аминта кажуваат дека поддршка околу сите активности имаат од членовите. Активни се сите, знаеме сложно да одиме напред и успешно го правиме тоа, истакна координаторот Горан Наумовски. Во организација на нашево здружение, на фудбалски турнир учество зеде и наша екипа каде освоивме второ место. Бевме иницијатори и на организацијата за да ја бодриме македонската репрезентација кога играше со Италија, кажува Наумоски. Намерата за формирање на Аминта ни беше токму тоа, да се соединиме Македонците во регионот Тревизо без разлика на верска припадност, истакна претседателот. По повод две години од постоењето на Аминта, се организира прослава за членовите. Свој настап имаше културно уметничкото друштво Аминта, на присутните им презентираа неколку сплетови кои ги усовршија во овие шест месеци, информираат од здружението.

Advertisement