Курц: Меѓу приоритетите на Виена ќе биде и Западен Балкан

Еден од приоритетите на Австрија за време на нејзиното претседателство со ЕУ во втората половина на оваа година мќе биде и Западен Балкан, порача австрискиот канцелар, Себастијан Курц. Тој додаде дека тоа дава надеж дека официјална Виена ќе придонесе во приближувањето на Белград и Приштина. Курц потврди дека Австрија сака да поттикне промена на курсот на ЕУ по прашање за миграцијата и политиката на азил нагласувајќи дека е неопходно да има заеднички европски одговор на прашањето за миграцијата преку заштита на надворешните граници и помош на самото место во земјите на потекло, а не преку присилна распределба на барателите на азил. Тој нагласи дека пропуштањето мигранти кон Европа не смее да продолжи и дека до промена на курсот во политиката кон мигрантите ќе дојде за време на австриското претседавање.