Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше присутен на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки, беа на денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија. Мицкоски на отворањето истакна ова е потврда дека македонскиот идентитет, народ и јазик се константни.

„Честитки за отворениот македонски клуб, кој е потврда дека и од оваа страна на границата македонскиот идентитет, народ и јазик се константни. Добро е што застануваме сите обединети, гледам и други политички партии овде, гледам и претставник од кај претседателот на државата. За жал, не можам да видам никој од кабинетот на премиерот, што навистина претставува голем пропуст и понижување на македонскиот народ, но тоа е тоа, тие си знаат зошто тоа го прават и која е нивната цел“, – рече Мицкоски.

Advertisement