Лина Ѓорческа третпат во квалификациите на САД опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (24),ќе настапи во квалификациите на четвртиот годинашен тениски гранслем-турнир, Отвореното првенство (ОП) на САД, во Њујорк (од 27 август до 7 септември).
Ѓорческа имаше долга, повеќемесечна пауза поради повредата на зглобот на левата рака токму по ланскиот настап во Њујорк и од 170-та позиција на ранг-листата на ВТА во јуни 2017-та, стагнираше и моментално, по неколкуте одиграни турнири во јуни и во јули, е на 600-та позиција.

Сепак, поради т.н. „заштитно рангирање“ од лани, за време на настапот во Њујорк (беше околу 200-то место), организаторите ѝ дозволија да учествува и на годинашниот турнир. Ѓорческа заминува в петок за Њујорк, а квалификациите треба да почнат во вторник (21 август), до кога треба да биде позната и нејзината прва противничка на теренот. За македонската тенисерка ова ќе биде трет настап на турнирот во Њујорк, по оној во 2016 и 2017 година, или вкупно шести на четирите најголеми гранслем-турнири.

Advertisement