Во Македонскиот културно информативен центар во Тирана, синоќа е одржана литературна вечер со поетесата, преведувач, есеист, професор и антрополог – Наташа Сарџоска.
Наташа е автор чии книги се преведени на повеќе од 25 јазици, меѓу кои и на албански. Со своето претставување преку интервју, разговор и прашања со публиката го донесе сјајот на македонската книжевност.
Присутните ги поздрави вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу, а интервјуто со писателката го водеше директорката на Македонскиот културно информативен центар во Тирана, Емилја Попивода.
Наташа прочита и дел од својата поезија на македонски јазик. Со голем емотивен набој, кој ја растрепери публиката превод од поезијата, на албански јазик, прочита познатата уметница Наташа Бега.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
