
„Логопедијата -(Logos – збор и pedagogia, paideia – вежбање, подучување) е наука за говорот. Ова е толкувањето што обично нѝ го даваат реченици со постаро потекло, но денес Логопедијата како наука се применува секаде каде што се јавуваат проблеми во усното изразување кај секој еден што покажува било какви говорни недостатоци.
Колку многу луѓе од нашето секојдневие го знаат вистинското толкување на зборот логопед? И колку од сите оние што го знаат толкувањето се вистински упатени во значењето на една многу сериозна професија какава што е на Логопедот?
За разјаснување на ова вистински значајно прашање, моја соговорничка ќе биде една од ретките стручњаци од оваа област во Македонија, која цел свој работен век го посвети на не толку признатата наука кај нас, Весна Керамитчивеска, но која поради нашето мултинационално и мултијазичко опкружение, успева да го формира целосно своето место на скалата на неопходни науки. А неопходноста е она што е диктирана од самиот живот, од сето она што секојдневно го дожиувуваме.
Големата причина поради која посакав овој разговор да се поведе најотворено и пред целата македонска јавност, е нејзината многу специфична професија. Таа е по образование дипломиран филолог на катедрата за Романска филологија, со италијански јазик под Ц при Универзитето Св.Кирил и Методиј во Скопје. Но по еден вид семејно определување 1990 година, дипломирала на Дефектолошкиот факултет во Белград, отсек логопедија, и која е целосно посветена на сето она што се однесува на говорната активност, како многу значајна активност особено и не само во развојот на децата, туку воопшто во одржување на убавиот говор како една одлика со која треба да се закити секој еден современ човек.
Погоре истакнав „семејно наследество„ затоа што сметам дека е неодминлив фактот дека нејзиниот татко Проф. Д-р. Славчо Керамитчиевски е вистинскиот промотор и еден од основположниците на логопедијата во Македонија и пошироко признат од страна на САНУ (Српската Акаедмија на нуаки) . Тој е двоен доктор на науки, едниот докторат е од областа на македонската фонетика, а вториот од областа на фонопедијата (наука за гласот). Отткако оформил неколку институции од областа на дефектолошките науки, тој повеќе од две децении раководел со ; Центарот за слух, говор и глас; во Скопје, а работниот век го завршил како редовен професор на Дефектолошкиот факултет во Белград, за чии потреби ги напишал учебниците Општа логопедија, Аудиологија и Фонопедија, како и многу научни трудови. Втората инспирација за нејзината определба е нејзината мајка Љубица Керамитчиевска, магистер и децениски практичар –логопед.
И ете токму ова ќе биде вистинската инспирација, мотивација и директното присуство на Весна во работата на најезините родители, за да со еднаков ентузијазам практика и се посвети на примената на логопедијата и во нашите специјализирани образовни институции.
Како долгогодишен логопед таа работи во специјалното основно училиште „ Д-р Златан Сремец„ во Скопје каде ќе ја доживее и својата административна пензија, оставајќи зад себе генерации и генерации деца веќе подготвени да се посветат за професии што ќе ги привлекуваат во животот. Но Весна продолжува и понатака да работи и да им помага на сите оние кои од неа ќе ја побараат таа стручна помош. Зошто? Токму поради недостаток на стручен кадар од оваа област, и токму поради постојаното маргинализирање на логопедијата која во Македонија, барем искуството го покажа тоа, стануваше вистински неопходна.
Б.З.Б.:
За да дојдеме до суштината на овој наш разговор, најнапред би ве замолила на нашите читатели да им ја објасните нашата мултиетничка и мултикултурна заедница, каде по сила на историски случувања, од секогаш сме биле, и сè уште сме, мултијазичко подрачје во кое се говорат јазиците на сите присутни народи што живеат во неа. Што е тоа клучно што во ваквите заедници може да се изнедрат проблеми кои со тек на време стануваат теми на расправи во бројни научни сфери, но најмногу кај дефектологијата и логопедијата?
В.С.Ќ.:
Според мене, мултинационалниот, мултиетничкиот, мултикултурниот состав на населението кај нас е вистинско богатство, кое самото по себе не содржи проблематика која би била предмет на проучување и практика на логопедијата. Како потенцијален проблем на нашите простори јас ја гледам во стигматизацијата на отстапувањата од она што се смета за тпично а е наметната од нашиот менталитет. Луѓето на ове простор многу децен имаа сосема солиден соживот, особено во времето на СФРЈ. На овој начин бевме воспитувани и така функциониравме се до транзицијата која самата по себе донесе многу потешкотии и промени во начинот на функционирањето и самото живеење.
Б.З.Б.:
Според ваши лични сознанија, каде е направена клучната гршка во однос на правилниот и соодветен третман за значајот на логопедијата во нашата средина, односно ва нашата држава? Од кои причини прашањето за потребноста на логопедијата како наука и оформувањето нејзиниот стручен кадар во Македонија уште од крајот на Втроата светска војна се пренебрегнуваше? Дали беше срам во прашање, или пак некој друг фактор што ја создаваше климата на, според мене, непотребна мистификација?
В.С.Ќ.:
Во суштината на човекот, како био-психо-социјално суштество лежи комуникацијата. Токму таа е предмет на проучување и пракса на логопедијата. Ова и интердисциплинарна наука која ги опфаќа сите сегменти од кои се состои човековата личност.
Кадар од овој профил после Втората светска војна, со децении се оформуваше на овие простори во Белград, Загреб, подоцна Љубљана и Сарајево. Еден мудар човек еднаш напиша дека на логопедите поголемиот дел од енергијата ќе се троши на докажување на потребата од нивното постење повеќе отколку самата пракса.
Полека но сигурно се оформуваа установи и институции кои во суштината се занимаваа со решавање на разновидни развојни отстапувања, кои различно се дефинираа а не се лекуваа со лекови. Тоа се состојби коишто се предизвикани од различна етиологија а оставаат последици врз способноста на комуницирање и функционирање на личноста, говор, вид, слух, глас, пореметување во однесувањето.
Логопедијата се занимава со детекција, корекција, хабилитација и рехабилитација на говорно-јазичната патологија.
Сонот на мојот покоен татко беше токму создавање на едукативна институција кај нас, за да се создаваат кадри. Тоа со многу напор му успеа, такашто се оформи група за Дефектолошки студии на УКИМ- Скопје при Филозофскиот факултет. Сепак, овие науки захтеваат повеќе медицински, одошто воспитно-едукативен пристап. Кадар постоеше и сеуште постои во малубројни специјализирани установи коишто ниту оддалеку не можат да ги задоволат потребите.
Б.З.Б:
Вашата долгогодишна практична работа во ПОУ „ Др Златан Сремец„ неопсорно ги давала очекуваните резултати. Но, верувам дека и јавноста ќе ја интересира, дали во рамките на нашите филолошко/дефектолошки студии се создадоа можности за отварање на специјална интердисциплинарна катедра за подготовка на овој вистински стручен и за нас секогаш неопходен кадар?
В.С.К.
Јас ја имав честа и среќата да го “печам“ занаетот, таму кадешто имав најмногу предизвици поради различните патологии со кои таму се среќавав. Иако со мојот постдипломски статус и искуство имав можности да се занимавам академски со науката, јас сепак го избрав практичниото делување, токму поради недостатокот на логопедскиот кадар.
Морам да се осврнам на суштинските проблеми кои ги наметнаа системските промени во општеството. Подолгото отсуство на родителите, начинот на живеење, исхрана, неминовно го зголеми бројот на лица со најразлична попреченост. Драстично се зголемува бројот на рани детски психози, како на пример аутизмот. Токму тука лежи проблемот со многујазичноста. Децата совладуваат странски јазик применивајки современи електронски средства, пред да ја совладаат морфологијата на јазикот на кој треба да се социјализираат.
За среќа, при УКИМ на Медицинскиот факултет пред две години се оформија студии по логопедија, со што по извесно време ќе постои соодветен кадар. Доколку се реализира и институционално поврзување за поддршка на овие лица, состојбите драснично ќе се сменат на подобро. Со ова им посакувам успешна работа на идните колеги.
Разговорот со Проф. Мр.Весна Керамитчиевска, Логопед од Скопје, го водеше Билјана.З.Билјановска, независна новинарка, поетеса, писателка, раскажувач, новелиста, професионален преведувач
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden