
Опозициско Движење за социјалистичка интеграција го смени името во Партија на слободата. Новото име го соопшти Илир Мета, довчерашен претседател на Албанија и основач на партијата, по што доби поддршка од членовите на партијата на вечерашната конвенција.
Да живее слободна и демократска Албанија, да живее Косово- независна држава, слава на нашиот народ, признание за сите оние кои ја формираа ЛСИ. Со среќа нека ни е Партијата на слободата, рече Мета.
Според медиумите неговата сопруга и лидерка на партијата Моника Круемади, поднела оставка, а за претседател на организацискиот комитет на партијата е избран Мета. Тој ЛСИ ја формира во 2004 година кога се отцепи од Социјалистичката партија чиј член беше од 1990 година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden