
Mакедонците со исламска вероисповед географски се распространети во најголем дел во западниот дел на Македонија, а потоа и во средишниот, додека различните општествено-политички и историски процеси во текот на XX век условиле исчезнување на поголеми. Во основа, Македонци со исламска религија има во сите делови и градови насекаде во Македонија, но поголеми и позначајни заедници и групи со засебни етнографски црти и одлики денес има во: Струшко во пределот Дримкол, во Дебарско во пределите Жупа и Голо Брдо, соседната мијачка Реканска област односно нејзиниот предел Долна Река, во Кичевско по долината на Треска во општината Пласница и околината на Зајас, шарпланинските села Урвич и Јеловјане во Тетовско, пределот во Скопско, во Велешко, во котлината Пелагонија во Прилепско, Крушевско и Битолско.
Македонци со исламска вероисповед се населени во Општина Маврово и Ростуше, повеќе села во Струшко, Општина Центар Жупа и поширокиот Дебарски регион, неколку села во општина Студеничани и општина Сопиште односно предело во Скопско, општина Боговиње во тетовскиот регион каде спаѓаат селата Јеловјане и Урвич, општина Пласница, општина Долнени, Битолско, селото Мелница во општина Чашка во Велешко итн.
Македонците со исламска вероисповед се исто така мнозинство и во македонските етнички територии надвор од границите на Македонија, особено во областите Гора во Косово и Албанија и Голо Брдо во Албанија. Во однос на географската разместеност,Mакедонците со исламска вероисповед се распространети речиси на целата територија на Македонија, со особена компактност и концентрираност во западниот дел, а помали групи на Македонци со исламска вероисповед во иста меридијанска линиска распореденост од север кон југ живеат и во средишниот дел на Македонија во Скопско, Велешко и Пелагонија.
Имено, од пределот на Дримкол и Малесија на југ во Струшко, преку Дебарско и Реканско, покрај западната граница на Македонија со Албанија постои целосна зона и непрекинат појас на населени места со Македонци со исламска вероисповед. Нивната бројност во овој предел е толку голема што тие претставуваат мнозинска група во Дебарско, Реканско, а исто така во Струшко и Кичевско заедно со Македонците христијани го прават етничкиот македонски елемент во мнозинство.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden