Македонците во Албанија го прославија Св.Јован Владимир (ВИДЕО – ФОТО)

Во селото Шиjон, во Елбасан се прослави денот на Св.Јован Владимир, така секоја година на 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Св.Јован Бладимир.

Св. Јован Владимир бил убиен на 22. мај 1016 година во Преспа и погребан бил во манастирот пред кој загинал. Брзо се расчуло дека молитвите пред неговиот гроб можат да исцелуваат многу болести и тој култ бил толку распространет што набргу потоа бил признат за светец и маченик и прогласен за светец од Православната црква. Постојат многу легенди и култни приказни поврзани со неговото име. Неговите мошти денес се чуваат во манастирот на Св. Јован Владимир во Елбасан, во православната Соборна црква во Тирана, на Света Гора и во црквата Св. Никола Болнички во Охрид.

Албанската православна автокефална црква Св. Јован Владимир го празнува на 4. јуни секоја година и православните верници од Албанија, Македонија и целиот регион се собираат на прослава во манастирот каде го чествуваат името на светецот.

Advertisement