Македонците во Албанија ја одбележаа Стара нова година и Св.Василиј – Василица

Македонците во Република Албанија го прославија Стара нова година и Св.Василиј – Василица, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција. Во секое македонско семејство ширум Албанија, во областа Голо Брдо, Мала Преспа, Врбник, Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец  домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта, вели Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Во исто време од име на друштвото и неговиот огранок за Голо Брдо, упати честитка по повод Православна Нова година, до сите Македонците во Албанија, во татковината и дијаспората, со желби за здравје, среќа и благосостојба и надминување на актуелната состојба со Ковид-19, со цел до година помасовно да се одбележува и овој и сите други божји празници.