Македонците во Данска го одбележуваат големиот празник Водици (ФОТО)

Македонците во Данска го одбележуваат големиот празник Водици и по тој повод фрлаа крст во Белвустранд, Копенхаген, а најсреќен беше Марко Петровски, кој го фати светиот крст.

Осум верници се фрлаа по крстот, церемонијата беше на море, и на минус 3 степени, а  Марко Петровски е среќниот. Тој и лани го фати крстот.

Организатор е Македонска православна црква Св. Климент Охридски Данска. Македонците во Данска го одбележуваат празникот, ја негуваат традицијата со години, но велат дека поради пандемијата на коронавирусот претходно малку паузирале.

www.faktor.mk

Advertisement