Македонците во Мала Преспа го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“ нивен заштитник 

Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија го одблежаа патронот на црквата „Свети Архангел  Михаил“, нивен заштитник. Свечена литургија одржа свештеникот Алексо Темелко, а со Македонците, по традиција беше и Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграцја, МАЕИ. Како  секогаш и овој пат бев со моите Македонци во одблежувањето на овој голем празник. Запалив свеќа и се помолив за здравје и напредок.  Посакав за многу години да ние е Св.Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец, рече Стерјовски.  

Црквата беше обновена пред неколку години на темелите на стара црква, која била урната за време на комунистичкиот период, а се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот „Гоце Делчев“.  Деновиве директорот на Геодетската управа на Албанија, Артан Ламе при престојот во Пустец, кога ги додели првите решенија, на стотина жители,  за легализација на нивните домови, заедно со градоначалникот Пали Колефски ја посети црквата и на свешетникот Темелко му го врачи решението за легализација на овој божји храм. 

Advertisement