Македонците во село Леска областа Мала Преспа го одбележаа патронот на црквата

Во организација на црковниот одбор, поддржан од друштвото “Преспа” денеска одбележан е патронот на црквата “Света Петка” во селото Леска, општина Пустец, Мала Преспа.
Одбележувањето почна со утринска богослужба што ја одржа парохискиот намесник Алексо Темелко. Послужен беше ручек а имаше и македонска музика и оро. Додаде дека освен постојаните жители, за оваа селска слава,  тука биле и поранешни жители и нивните потомци.
Леска е едно од деветте села на општина Пустец, со над 350 жители. Во селото постои и црквата “Свети Василиј”, чиј патрон исто така достојно се одбележува.