Македонците во село Стеблево обаста Голо Брдо го одбележаа празникот Ѓурѓовден (ФОТО)

Македонците во Стеблево, област Голо Брдо, по традиција се собраа во црквата „Свети Никола“ за да одбележат празникот Свети Великомаченик Георгиј, познат како Ѓурѓовден.

Така било со векови, освен во комунистичкиот период, а традицијата е обновена со падот на тоталитарниот режим во Албанија, но како што самите жители велат, го зачувале овој божји храм.

Одбележувањето во изминатите години беше со голем собир,на кој прсуствуваа поранешни жители и нивни потомци,кои сега живеат во други делови на Албанија, пееја и играа македонски песни и ора а редовно одекнуваа тапанот и зурлата. Но, поради пандемијата со коронавирусот изостанаа и жители од соседнте села. Присуствуваа само дел од жителите од селото.

Богослужбата ја одржа свештеникот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на албанска православна црква,кој е чест гостин меѓу жителите на Стеблево.

Порано со одбележувањето на Ѓурѓовден се означувал крајот на студениот зимски и почеток на сончевиот летен период.

Во последната деценија празникот се одблежува под мотото„Празник на цвеќето“ со што се означува почетокот на туристичката сезона во Стеблево, подрачје кое е дел од Националниот парк Шебеник-Јабланица, на границата со Македонија а кое поради преубавите предели го посетуваат голем број турсти.

По укинувањето на општината Стеблево,која опфаќа 12 села, со над 1.000 жители, Македонци од двете конфесии,сега е админстративна единица и потпаѓа под општина Либражд.

Областа Голо Брдо опфаќа 22 села главно населени со Македонци а е поделена во три административни единици, Стеблево,Острени и Требиште.

Advertisement