
Foto: Facebook/Hristijan Mickoski
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски имаше средба со Македонци што живеат во Србија, по која објави дека „Македонија е и секогаш ќе биде дом за сите Македонци“.
Мицкоски на Фејсбук напиша дека македонскиот јазик, културата, традицијата и чувството на припадност се нераскинливата врска со татковината, без разлика на границите.
Наша обврска е да ги негуваме и зацврстуваме врските со Македонците насекаде во светот, да го поддржуваме зачувувањето на македонскиот идентитет и да градиме мостови на пријателство и соработка со нашите соседи, истакна премиерот на својот фејсбук-профил.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden