Македонија: Излезе од печат двотомната студија “Македонско (античко) Царство” од д-р Петар Поповски

Од печат излезе двотомната студија “Македонско (античко) Царство. Прва организирана општествена заедница на нашата планета“ од д-р Петар Поповски. Овој научен труд е граден врз автентични извори кон кои кривотворната антинаучна рака на Дивиот Запад и на неговата псевдо-наука и квази-историографија, барем досега, не успеала да посегне и да ги испогани.

Овој научен труд на д-р Петар Поповски како и претходните негови дела “Македонските корени“, “Македонско (средновековно) Царство. Златен мост на Истокот со Западот“ и “Македонија лулка на европската цивилизација и култура“, е граден врз автентични историски извори, коишто претставуваат смртоносен удар за прекројувачите на историјата, за манипулаторите со егзактната вистина, за фалсификаторите и посебно за присвојувачите на изворната историја на Македонскиот народ, за домашните умно-болни хунташки-предавници, кои без тронка морално чувство и одговорност кон народот кој им пружил гостопримство (бидејќи не се Македонци по род), ја распродаваат македонската национална историја. Овој научен труд е одговор на многу прашања и провокации за сите душмани на Македонија и Македонскиот народ.

Двотомната студија “Македонско (античко) Царство. Прва организирана општествена заедница на нашата планета“ од д-р Петар Поповски, како и неговите спомнати три изданија, може да се најдат во книжарниците на “Матица”, “Култура” и “Супрема ДОО” во Скопје, “Просвета“ во Охрид и “Култура” во Струмица.