Македонија одигра 3:3 на гостувањето кај Естонија

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 3:3 со Естонија во натпревар од третото коло на Ц-2 групата во Лигата на нациите. Со видно изменет состав во однос на дуелот против Косово, селекторот Игор Ангеловски го започна вечерашниот дуел во Талин против Естонците. Нашите фудбалери среќно први дојдоа до водство од 1:0 и тоа благодарение на смешниот автогол на домаќините односно Куск  кој не забележа дека на голот го нема неговиот голман Котенко.
Сепак. Естонците не се откажаа, па преку Сапинен кој постигна два гола и тоа во 33-тата и 62-минута, домаќините дојдоа до предност од 2:1. Осум минути подоцна (65) Трајковски имаше можност од пенал да го израмни резултатот, но неговиот удар заврши само во пречката. Затоа, на спротивната страна стигна казна, па домаќините од пенал преку Ливак во 76-минута ја заголемија предноста на 3:2.
Тоа како да ги разлути нашите фудбалери кои тотално ја презедоа контролата, па со голотите на Пандев (80-тата) и Зајков (88-минута) стигнаа до израмнување на 3:3. Иако до крајот на мечот имавме и неколку можности за четврти гол сепак резултатот остана непроменет, па од Талин нашите фудбалери се враќаат со еден освоен бод.
А, еден бод освои и репрезентацијата на Грузија која на гостувањето кај Ерменија одигра 2:2. Токму Грузијците се следен противник на нашата селекција и тоа веќе во среда (14 октомври) во Скопје. Потсетување дека тоа ќе биде и дуел на двете репрезентации кои во меѓусебна пресметка следниот месец ќе решаваат за пласман на Европскиот првенство догодина.
ЛИГА НА НАЦИИ (Ц – конкуренција) 
Група 2 – 3.коло
ЕСТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 3-3
ЕРМЕНИЈА – ГРУЗИЈА 2-2
Табела: 
1. Македонија 5 бодови
2. Грузија 5
3. Ерменија 4
4. Естонија 1
Advertisement