Македонија против Грузија за историски пласман на Европско првенство

Македонската фудбалска репрезентација денеска во Тбилиси, го игра најзначајниот натпревар во својата фудбалска историја, бидејќи со победа над Грузија, Македонија за прв пат во историјата ќе се пласира на Европското првенство.

Натпреварот ќе се игра на „Динамо арена“, со почеток во 18 часот.

Нашиот тим нема да биде комплетен во Тбилиси, бидејќи поради повреда во Грузија воопшто не отпатува Енис Барди, а се уште не е 100 отсто сигурно дали повредениот капитен на загребски „Динамо“, Аријан Адеми, ќе игра иако синоќа тренираше со репрезентативците. Во националниот тим не се ни Кире Ристевски и Крсте Велкоски, кои имаат коронавирус.

Македонија и Грузија, во изминатите два месеца, два пати играа во Лигата на нации. И двата натпревари завршија со резултат 1:1. Претходно Македонија беше убедлива против Косово, како дел од квалификациите за европското фудбалско прванество.

Advertisement