Македонија со убедлива победа над Литванија го завери пласманот во баражот за СП

Македонската женска ракометна репрезентација ја забележа и втората победа во квалификациите, овој пат беше совладана селекцијата на Литванија со 31-21. Македонските ракометарки по вчерашниот трумф над Исланд, денеска ја совладаа Литванија и на меч до крајот го заверија пласманот во баражот за Светското првенство. За разлика од вчерашниот меч, овој пат Македонија немаше падови во играта, селекторот Симовски им даде шанса на поголем број ракометарки кои одговорија одлично на предизвикот. Литванија се држаше во првото полувреме, на одморот се замина со предност на Македонија од 15-12, но во вториот дел гостите комплетно се распаднаа, а нашите девојки го зголемуваа резултатот и на кркајот славеа со 31-21. Сара Ристовска со осум голови беше најдобра во нашата репрезентација и на овој дуел, пет постигна Стојковска, а по четири реализираа Ѓорѓиевска и Боризовска. По два меча Македонија е прва во групата, утре го играме последниот меч, од 17 часот против селекцијата на Грција.

Advertisement