Македонска Алијанса ја поздрави резолуцијата на Советот на Европа за Македонците во Бугарија 

Македонската Алијанса од името на целата Дијаспора изразува благодарност на Германскиот Парламентарец Франк Швабе и Унгарскиот Золт Немет, кои согласно Извештајот на мониторинг комисијата на ПССЕ, останаа доследни на барањата за почитување на правото на Македонците во Бугарија.

Се констатира дека Бугарските власти спротивно од Рамковната Конвенција на Советот на Европа, не ги признаваат Македонците, не се изучува Македонскиот јазик, ниту Македонската историја во училиштата. Нашите браќа и сестри во Пиринска Македонија не добиваат буџетски средства за зачувување и развој на Македонскиот идентитет и култура, не е регистрирана ниту една Македонска организација, се спроведува дискриминација и се практикува говор на омраза кон Македонците.

Ова е прецизна дијагноза за официјалната негаторска политика на Бугарија кон Македонскиот идентитет! – стои во соопштенито на Македонската Алијанса.