Македонска младинска вечер во Торонто

 

Македонската младинска мрежа во Канада организираше Македонска младинска вечер во големата сала на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто. Имавме прекрасна вечер, успеавме да ги собереме младите Македонци на едно место заради дружење и забава. Работевме напорно за да бидеме заедно, во тоа успеавме и натаму ќе продолжиме, – коментираат во МММК. Македонската младинска мрежа во Канада им изрази благодарност на младите Американци од Рочестер, Бафало и Детроит, кои се придружија на Македонската младинска вечер. МММК наредната Македонска младинска вечер ја планира за 22 февруари 2020 година на Денот на заљубените.