Македонска вечер во организација на Mакедонско културно друштво „Охридски бисер” во Загреб

Во организација на македонското културно друштво „Охридски бисер” од Загреб, се одржа Македонска вечер во Загреб на 26.01.2019 година, во рамките на традиционалната културна манифестација „Денови на македонската култура“ во Хрватска. Присутни беа членови и гости од сите организации од заедницата ширум Хрватска, како и претставници од Амбасадата на Република Македонија во Хрватска.