Македонска заедница во Обединетото Кралство подршка за Претседателот на Република Македонија и најостра осуда за договорот

Ние, Македонците, Македонската заедница, Светскиот Македонски Конгрес од Обединетото Кралство, и Македонскиот културен центар МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО Лондон, најостро го осудуваме и во целост го отфрламе културниот, духовниот и идентитетски геноцид врз нас Македонците во татковината и во светот со штетниот и нелигитимен договор помеѓу Заев и Ципрас затоа што не произлегува од Македонскиот народ.

Упатуваме безрезервна поддршка на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во одбрана на уставниот поредок и суверенитетот на државата и објавата дека не го прифаќа и нема да го потпише геноцидниот договор помеѓу Заев и Ципрас.

Ние, Македонците, Македонската заедница, Светскиот Македонски Конгрес од Обединетото Кралство и Македонскиот културен центар МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО Лондон, погодени од најсрамниот понижувачки и најштетен договор помеѓу двете влади, за промена на името и Уставот на Македонија, најостро го осудуваме, го отфрламе и го прогласуваме за ништовен и неважечки за нас Македонците во светот. Ја повикуваме Владата да размисли длабоко за штетите и болките што ни ги нанесуваат во овие тешки моменти и апелираме тој геноциден договор да не се спроведува и да се поништи во целина.

НАТО и ЕУ не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Не ни треба НАТО и ЕУ во кои ние Македонците ќе бидеме измислена нација без сопствена држава, култура, црква, јазик, безимени и без корени. Ние Македонците во светот ќе се спротиставиме и бориме со сите средства и сила за спас на Македонија! Запаметете дека нема да седиме мирно и да гледаме како нашата Македонија исчезнува!

Ние, Македонците, Македонската заедница, Светскиот Македонски Конгрес од Обединетото Кралство и Македонскиот културен центар МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО Лондон, сме згрозени со последните случувања и приведување на младите од навивачката група Комити од Скопје од страна на полицијата и прогонствата врз членовите на Христијанско Братство кои протестираа против велепредавството на Владата во Прилеп и во Скопје.

Ја повикуваме полицијата и Владата да ги прекине сите мерки за приведување и заплашување на целокупниот слободоумен Македонски народ. Ние сме тука, ние сме Македонија, ние сме во светот, ние сме и во Македонија и ќе победиме! И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единственз заеднички содржател! Со Македонија постоиме, без Македонија сите заедно ќе исчезнеме!

Сите Македонци еден за друг! Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Advertisement