Македонската алијанса за европска интеграција поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата (ФОТО)

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) денска поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија, поради одлуката за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, општина во која живее македонско национално малцинство.

Со тужбата јасно се бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти, бидејќи одлуката е донесена без консултација со локалната самоуправа, без јавна расправа и без почитување на правата на локалното население.

МАЕИ оценува дека оваа одлука претставува директно загрозување на интересите, безбедноста и демографската стабилност на македонската заедница во Општина Пустец и е спротивна на Уставот, законите и меѓународните обврски што Албанија ги има преземено за заштита на националните малцинства.

Ќе продолжиме со правна и институционална борба сè додека не се заштитат правата и достоинството на македонската заедница – стои во соопштението на Македонската алијанса за европска интеграција.