Македонската амбасада во Тирана додели Благодарница за Универзитетската болница за трауми

Вршителот на должноста амбасадор во македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и и Радмила Стојмировска прв секретар во Амбасадта беа во посета на Универзитетската болница за трауми и освара средба на директорката на болницата Едлира Боде и нејзиниот медицински тим.

На средбата вршителот на должноста амбасадор во македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и и Радмила Стојмировска прв секретар во Амбасадта изразија благодарност за континуираната помош што Универзитетската болница за трауми им ја дава на македонските граѓани во итни случаи, ценејќи ја професионалноста, хуманоста и непоколебливата посветеност на медицинскиот персонал.

Оваа средба дополнително го зајакнува духот на соработка меѓу двете земји во областа на здравството и ја демонстрира суштинската улога што Универзитетската болница за трауми ја игра во обезбедувањето квалитетна здравствена заштита на секој граѓанин кој има потреба, без разлика на националноста.

Посебна благодарност до Амбасадата на Македонија за вашата заложба за зајакнување на односите меѓу нашите две земји и за континуираната поддршка на иницијативите кои промовираат професионална размена и институционален развој.

Се надеваме дека оваа посета ќе послужи како важен чекор кон продлабочување на соработката за доброто на нашите граѓани.