Македонската асиоцијација “Илинден 1903” од Кантле, (Нормандија) во Франција организира дочек на Православна Нова Година – Василица 2020 година

Македонската асоцијација “Илинден 1903” од Кантле (Нормандија) во Франција организира забавна вечер за Православна (Стара Нова Година, Василица) 2020. На прославата ќе настапи фолклорната група на француско-македонската асоцијација“Илинден 1903” со македонски песни и ора. Влезницата е 6 евра за членови на друштвото и 10 евра за тие кои не се членови (за деца под 12 години влезот е бесплатен) со вклучено полно мени. Резервации се вршат на телефон 00 33 6 87 02 20 21. За музиката ќе се погрижат Зоран Шулески, Фадил Исмаилоски и Спасе Матилиоски. Дојдете да споделиме пријатна вечер со нашите македонски и француски пријатели. La salle des fêtes Res Publica, 205 rue du Commandant Georges Ledru, F-76380 Canteleu (Normandie), France