Македонската дијаспора од Англија покрена хуманитарна акција за татковината Македонија

Македонската дијаспора од Англија, покрена акција за собирање на парични средства за купување на храна за социјално ранливите граѓани и еднородителските семејства во Македонија, наречена „Со љубов за Македонија“.

Розетка Ремак, која повеќе од 25 години живее во Лондон, отвори страна за собирање на средствата, со надеж дека ќе собере 3000 фунти за храна и пакетчиња за своите сограѓани во Македонија, која на крајот и се оствари. Голем број на луѓе се отповикаа на оваа хумана акцијата. Помеѓу нашите сограѓани кои живеат во Англија донираа но и други народности од цела Европа кои сакаа да им помогнат на социјално ранливите во Македонија.

Собраните средства се донирани на Здружението ЛЕГИС и Една Може! кои започнаa акција на поделба на овие пакети низ цела Македонија.  Купени се 120 пакети со храна и 164 пакетчиња за децата. Досега се поделени пакети во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Куманово, Прилеп а акцијата ќе продолжи во градовите Битола, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Демир Капија, Штип, Берово и Скопје.

Целта е што повеќе градови да бидат опфатени во овој караван на солидарноста, кој започна од Англија и се прошири низ цела Европа. Пандемијата предизвикана од Коронавирусот, социјално ранливите ги направи уште поранливи и затоа оваа хуманитарна акција е за голем поздрав и поддршка.

Advertisement